Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд и засилен јужен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови, а температурата ќе се движи од 4 до 14 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и засилен јужен ветер.
Температурата ќе достигне до 13 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и умерен до засилен јужен ветер.
Повеќе врнежи ќе има утре во западните делови, каде локално се очекува да наврнат над 20 л/м2. До среда температурите ќе бидат во постепен пораст.