Планинарската група “Прилепски Планинари – Авантуристи” во соработка со здружението “Вело Че”, денеска oрганизираа планинарска дружба по Селечка Планина.
Турата која започна од манастирот Св. Димитрија кај село Селце беше со должина од 12-13км, а крајната дестинација беше Планинарскиот дом “Томе Темелковски”.
Голем број планинари, ентузијасти и вљубеници во природата од Прилеп, но и од Кочани, Скопје и Битола зедоја учество во турата и покрај врнежливото време.
Од манастирот Св. Димитрија планинарите се упатија до локалитетот домаќинско чешмуре, а потоа кон Дуна нива. Третата точка беше местото викано Стогот под врвот Калушоец, а движењето го продолжија по сртот на Селечка Планина, од каде се гледаат Пелистер, Кајмакчалан, Кожув, Мариово, Солунска Глава и Прилеп.
Попатно го посетија споменикот Устрелец кој е изграден во чест на прилепските бранители од Карпалак.
После паузата се упатија под врвот Чуле, а потоа кон крајната дестинација Планинарскиот дом “Томе Темелкоски”.