Доделени ЧЕТВРТОНОЕМВРИСКИТЕ награди во Битола – Наградата за животно дело врачена на уметникот Панде Петровски (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

На Свечената академија по повод одбележувањето на 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, традиционално беа доделени наградите на
поединци и институции за едногодишни достигнувања, како и највисоката општинска награда за животно дело. Управниот одбор на Фондот за доделување на наградата 4-ти Ноември, по пристигнатите пријави, одлучи наградата за животно дело, годинава да ја добие ликовниот уметник и педагог Панде Петровски.

Панде Петровски е реномиран ликовен уметник, педагог, афористичар, хуморист и карикатурист, илустратор и сценограф, кој остави огромен
белег не само во битолската, туку и во македонската уметност. Особено, неговата вредност, пред се е како човек, кој постојано и до ден денес, твори и живее за уметноста.

Според одлуката на Управниот одбор, за едногодишни постугнувања наградени се следните кандидати, од областа на културата и образованието:

Игор Трајковси Фоја – автор, визуелен уметник, писател, поет, драмски автор и културен активист, кој во изминатата година реализираше низа
значајни акативности и дела со кои даде извонреден придонес на полето на кутурата.

Мартин Мирчевски – актер и режисер во Националната установа Народен театар Битола. Минатата година, тој е добитник на две престижни награди
од областа на уметноста, истовремено на сцената реализирајќи актерски улоги со зрел актерски пристап.

Дарко Секуловски – награден за културен придонес во промоција на градот Битола, особено преку најновите, современи алатки, односно фејсбук
порталот „Просечен Битолчанец“.

Основно училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“. Во периодот 01.08.2024 до 31.07.2025 година, инситуцијата постигна значајни достигнувања со лицата со посебни потреби во областа на образованието, воспитувањето, културата и други општествени сегменти. Реализирале голем број културни настани, работилници, акции итн,

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски им ги врачи наградите на најуспешните и при тоа, во своето обраќање истакна дека денес, кога се поклонуваме пред спомените на минатото, не треба да заборавиме дека најголемата почит кон хероите е нашето дело кое го создаваме.

„Да продолжиме да ја градиме Битола со љубов, со чесност и со визија. Да ја чуваме природата што нè опкружува, да го негувавме нашето културно наследство и да ја внесеме енергијата на младите во секоја пора на градот. Само така ќе ја создаваме заедно Битола на иднината, како модерен, зелен и економски силен град, кој ќе биде пример за цела Македонија. Да се потсетиме: слободата не е само минато, таа е и
обврска, секој ден да го правиме нашиот град подобар, поубав и посреќен“, рече Коњановски.

Уметничката програма во рамките на свеченоста, беше во изведба на пијанистката Теодора Капинковска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.