Србија потпиша договор со кинеската “Синофарм” за набавка на нова количина на вакцини.
На потпишувањето на договорот присуствуваше претседателот на државата, Александар Вучиќ и амбасадорката на Народна Република Кина во Србија, Чен Бо.
Како што соопштуваат српските медиуми, Вучиќ преку видео врска разговарал со раководството на компанијата “Синофарм” за процесот на набавка на вакцини, изградбата на фабриката за вакцини во Србија, како и за изградба и опремување на српски болници.
За време на состанокот е потпишан договор за купување на нови 2 милиони дози вакцини од оваа компанија, од каде македонските власти веќе 2 месеци најавуваат 200.000 дози.