ДОГОВОРОТ ВИСИ НА КОНЕЦ: На повидок предвремени избори во Грција – СИРИЗА го губи мнозинството во парламентот!

Поголем дел од Грците, 62 проценти, сакаат во земјата да се одржат предвремени парламентарни избори, пишува во неделното издание весникот „Етнос”, повикувајќи се на резултатите од анкетата спроведена од социолошката агенција „Капа рисрч”.

Според резултатите, 44 проценти сакаат парламентарните избори да се одржат пред мај, а 18 отсто – заедно со локалните и европските избори во мај.

Опозициската Нова демократија и натаму ужива најголема доверба, со 25 проценти поддршка, додека владејачката СИРИЗА е на второ место со 20,3 проценти. На трето место е екстремно десничарската Златна зора, која има доверба на 7,9 отсто испитаници, а по неа следува левичарско „Движење за промена“ со 6,4 отсто и Комунистичката партија на Грција со 5,6 отсто. Другите партии, според истражувањето, нема да влезат во парламентот.

Во анкетата е испитан и ставот на Грците кон движењето на „жолтите елеци” во Франција, па 47 отсто декларирале поддршка за движењето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.