Неодамна спортскиот директор на Победа Јовица Обрадовиќ престојуваше во работна посета на главниот град на Србија Белград. На средбата со колегата спортски директор на црно-белите Ивица Илиев, договорена е начелна соработка во повеќе области. Тема на разговор меѓу другото биле и можностите за позајмување на играчи од Партизан на Победа, овозможување играчи од Победа, за кои повеќекратниот југословенски и српски шампион би бил заинтересиран, да бидат тестирани од тренерите на Партизан….Разговарано е и за испраќање на наши тренери на стручно усовршување во школите на Партизан и остварување на поблиска соработка со една од најдобрите школи во Европа. Овие први разговори отвораат можности за воспоставување на идна плодна соработка на двата клуба од која Победа би извлекла повеќестран бенефит. Првите резултати од воспоставените контакти на највисоко ниво, со остварување на нови средби и разговори, треба да се очекуваат во најскоро време, со можност да се договори и одигрување на пријателски натпревар на двата клуба.