Денес, поради развојот на индустријата и науката, тешко е да се разликува синтетика и памук, скај и кожа, вистинска овошна ракија од некоја со арома. На неодамна одржана дегуистација на ракија познат енолог, експерт за вина, Никола Биорчевиќ открил како да се провери квалитетот на ракијата. Тој завршил и технологија на јаки алкохолни пијалоци и стручен е да зборува на оваа тема.
-Малку ракија истурате на дланката, протријувате и оставате да се исуши. Тогаш ја мирисате дланката. Ако е вештачка арома или било што друго што не е од природно потекло, на температура на дланката од 37,2 степени ќе испари многу брзо. Останува она од што е само ракијата направена. Тоа важи за ракија од сливи, кајсии и за другите овошни ракии. Така секогаш ќе можете да дознаете на што е базата на ракијата.
За сите вештачки ракии главно базата е тиква или јаболка или компир, најевтините сировини, а потоа се додава вештачка арома. Тоа е според мое мислење измама на потрошувачите. Но, еве ви откривам како да не бидете измамени – рекол Биорчевиќ.
Тој вели дека со помош на дланките може да откриете дали во ракијата има додадено шеќер. Треба да се сипе во дланка, да се протрие со другата дланка и да се почека. Кога потоа двете раце ќе се спојат и раздвојат, ако има додатен шеќер рацете ќе се лепат, вели енологот.