Добри вести за возачите: Конечно поевтина нафта

На половина од двонеделниот период во кои Регулаторната комисија за енергетика ги носи одлуките за малопродажните цени на нафтените деривати, од светските берзи доаѓаат добри вести, кога станува збор за возачите.

По рекордот на почетокот на месецот, за околу 2 недели, цената се намали за речи си 10 долари за барел и сега се движи околу 76 долари.

Регулаторната комисија за енергетика пресмета дека просечна цена, претходните две недели за суровата нафта била околу 80,5 долари за еден барел.

Доколку надолниот тренд се задржи и во наредната недела, извесно е дека по подолг период поскапувања, можно е да има намалување на цените во малопродажба.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.