Жителите на сараевската населба Мојмило го пријавиле соседот Р.Б. од чија куќа цела ноќ се слушала гласна музика.
Веднаш по доаѓањето на самото место, полицијата јасно и гласно слушнала како од неговата куќа ечи буквално една од најпознатите песни на Дејан Матиќ „Где си била кад сам био нико“, па заѕвониле, и го замолиле господинот да ја смали музиката и го прашале зошто толкава галама, а тој им одговорил дека на сопругата намерно и ја пушта таа песна, зошто освоил 50 конвертибилни марки(околу 1.500 денари) во кладилница, зошто таа со месеци му трубела дека никогаш не добил ни марка од кладењето.
Жената е затекната во прилично чудна состојба, како гледа во ѕид, но била непоредена, а тој продолжил ја ја пее песната и додека полицајците биле во куќата, ама потивко се слушала од звучникот.
По предупредувањето, да не доаѓаат пак и да му пишуваат казна, полицајците заминале, а тој ја „рокнал“ по нив песната „Не може нам нико ништа, јачи смо од судбине“.