На пешачкиот мост во близина на основното училиште “Кочо Рацин” во Прилеп се појавија два катанци кои веројатно ги поставиле заљубени парови, со кои дале завет дека ја “запечатуваат својата љубов”.
Дали добива Прилеп мост на заљубените како познатиот “Мост на уметноста” во Париз, или овие два парови ќе бидат само ентузијасти за тоа…
Пешачкото мовче на овој дел од градската река беше изградено во последната година од мандатот на претходниот градоначалник Марјан Ристески и значително го олеснува движењето на граѓаните.