Десетици мали британски компании воведоа четиридневна работна недела за своите работници, како дел од идејата дека помалку работа може да донесе поголема продуктивност и подобра рамнотежа помеѓу животот и работата.
Се поголем е бројот на работодавачи на компании кои експериментираат со давање три слободни денови неделно на своите работници додека ја задржуваат истата плата.
Во изминатата половина од годината, тоа веќе го направија Synergy Vision, Elektra Lighting, Lara Intimates и Intrepid Camera. The Wellcome Trust е најголемиот работодавач во Велика Британија и тие размислуваат за воведување тест фаза за своите 800 вработени, објави Гардијан.
Тоа го потврди и Максим Гру од компанијата ,,Интерпид” кој вели дека во слободното време учи француски , а неговите колеги се занимаваат и со драма во театарска група, со столарство , а еден од нив се занимавал со роботика.
И фирмите и вработените се задоволни од таквата постапка, нагласува весникот.