Доаѓа крајот и на дрвокрадството во Прилеп и Крушево?

Шумската и Граничната полиција на терен – прекинат еден ланец на дрвната мафија во Струга – информираше на својот Фејсбук профил, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

-Во заедничка акција на Граничната полиција со Шумска полиција – Струга е контролиран камион со огревно дрво од државни шуми без документи за превоз. За сторителите поднесени се соодветни пријави до соодветните институции, камионот со кој е превезувано дрвото е одземено од сопственикот, дрвата се одземени и складирани во подружницата на Национални шуми во Струга. Најавувуваме зголемени акции во соработка со МВР, Шумската полиција и Национални шуми. Апелираме дека здружено ќе се вложиме за стопирање на криминалот и трговијата со нелегално дрво во борбата против нелегалната сеча на дрвата – напиша Трипуновски.

Прилепчани и крушевчани пак кои мака мачат со дрвокрадството, се надеваат дека со новата Влада ќе се стави крај на оваа појава и уништувањето на шумскиот фонд.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.