Доаѓа големиот празник Велигден: Што симболизира велигденското јајце?

Велигден е најголемиот христијански празник кој верниците гo прославуваат враќањето на Исус Христос од мртвите и победата над смртта, поздравувајќи се со зборовите „Христос Воскресе – Вистина Воскресе!

crevni-jajca

Според традицијата, првите јајца се вапцуваат на Велики Четврток, а она јајце кое прво ќе биде вапцано има магична моќ.

Јајцето е најголемиот симбол на празникот, домаќинките на Велики Четврток вапцуваат јајца кои го симболизираат воскреснувањето и почеток на нов живот. Традиционално јајцата се фарбаат во црвена боја.

Црвеното јајце го симболизира Христовото воскресение, тврдата лушпа на јајцето го претставува гробот на Исус, а кршењето на јајцата го симболизира воскреснувањето од мртвите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.