Доаѓа африкански бран кон Македонија: Во среда температури и до 40 степени

Во текот на новата седмица нашата територија ќе биде зафатена од многу топла воздушна маса која продира од југ, односно од северните предели на Африка, информира најпознатиот метеорологот Славчо Попоски.

Особено топло ќе биде од среда кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени Целзиусови.

Што се однесува до утрешниот ден, ќе има појава на мала до умерена локална облачност додека во попладневните часови во планинските места ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Од вторник до четврток ќе биде сончево насекаде со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во петок пак, како и за време на викендов, ќе има услови за попладневна локална нестабилност.

УВ индексот следниве денови ќе има екстремна вредност и ќе има коефициет измеѓу 9 и 10, па токму поради ова граѓаните да се заштитуваат, односно со себе да носат заштитна опрема.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.