Дневен центар Обршани – Општина Кривогаштани

11

Во присуство на заменик министерот Диме Спасов и градоначалникот на општина Кривогаштани Тони Заткоски свечено беше пуштен дневниот центар за ран детски развој во Обршани.
Во општина Кривогаштани веќе година дена успешно функционира градинката Весело Штркче, а Ценатор за ран детски развој е втора вакава институција во општината која ќе ги згрижи и едуцира најмалите на предшколска возраст со што во голема мера ќе им помогне на родителите во социјализацијата на своите деца. Задоволството и интересот на родителите се огромни од отворањето на овај центар.

Центарот за ран детски развој за деца од предшколска возраст кој ќе функционира во кругот на ОУ Јонче Смугрески во Обршани, а ќе ги опфаќа населените места Обршани, Воѓани, Бела Црква, Пашино Рувци и Боротино започнува со своето функционирање. Центарот ќе работи во неколку смени во зависност од бројот на пријавени деца. Возраста на децата кои ќе го посетуваат ценатарот треба да биде од 3 до 6 години а дневниот престој ќе трае најмногу 3 часа за што надоместокот изнесува 400 денари месечно.

Владата на Република Македонија во изминатите 10 години отвори над 45 детски градинки и исто така 27 центри за ран детски развој. Овој проект значи многу за жителите на ова населено место и верувам дека тука нема да застанеме. Веќе денес разговаравме за нов Центар за ран детски развој во уште едно населено место во оваа општина.

18 12 13 14 15 16 17




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.