ФИФА покрена дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија, поради лошото однесување на фудбалерите и управата на натпреварот против Швајцарија.
„Дисциплинската комисија на ФИФА покрена постапка против Фудбалскиот сојуз на Србија поради потенцијални прекршувања на членовите 12 (несоодветно однесување на играчите и официјалните лица), 13 (дискриминација) и 16 (ред и безбедност на натпреварите)“, се вели во соопштението на ФИФА.
Натпреварот меѓу Србија и Швајцарија го одбележаа бројни инциденти кои се случија пред, за време и по натпреварот, како на теренот, така и на трибините.
На самиот терен видовме тепачки, провокации и удари од двете страни, а особено бурно беше на крајот од мечот кога Гранит Џака се судри со Никола Миленковиќ, Вања Милинковиќ-Савиќ и уште неколку српски фудбалери.
Останува да видиме каква ќе биде конечната одлука на ФИФА и потенцијалната казна на ФСС.