Директорот Заев му подари шест веспи на МВР да брка криминалци…

Во кругот на Министерството за внатрешни работи, денеска беше предадена донација од Фондацијата Заев, која се состои од 6 мотоцикли за потребите на МВР и македонската полиција.

Директорот на Фондацијата, Зоран Заев ја предаде донацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со цел подобри резултати на повеќе организациони единици при Министерството.

Министерството за внатрешни работи има силен сојузник во Фондацијата Заев, чијашто помош и поддршка се од огромно значење за дополнително зајакнување на капацитетите, а со цел зголемување на ефикасноста при оперативното работење на единиците при МВР. Тоа значи дека го модернизираме возниот парк по највисоки стандарди, а со тоа придонесуваме кон уште поголема безбедност на граѓаните и државата, велат од МВР.

Министерот Спасовски, во свое и во име на МВР, изрази благодарност до Фондацијата Заев за оваа важна донација, при што истакна дека безбедноста зависи од секој еден, ја креираат сите општествени чинители, и е од клучна важност да се препознае општествената одговорност, а потоа и да се дејствува во таа насока.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.