На прес конференцијата од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп околу сомнежите за набавката на 4 нови автобуси на метан од општина Прилеп, реагираше и директорката на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, Марија Цветаноска.
Наспорти тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека за оваа набавка не бил објавен меѓународен тендер, Цветаноска го тврди спротивното дека таков тендер бил објавен, а компанијата која го добила тендерот била ЕДИНСТВЕН ПОНУДУВАЧ.
Инаку ЈП за ПУП и Општина Прилеп реагираа со демант дека еден од автобусите се расипал при првиот изминат километар, пред нивната промоција.
Но, откако беше откриено дека тендерот за набавка не бил меѓународен како што тврди директорката, нема никаков одговор.