Директно од Црвената планета: Кинезите ги објавија првите фотографии од нивниот “ровер” на Марс

Кина ги објави првите фотографии кои нивниот ровер Џуронг ги снимил на Марс.

Како што наведува БиБиСи, роверот слетал на Црвената планета во неделата, а тоа достигнување Кина стана втората држава после САД која успешно стави сонда на површината на Марс.

Кинеските научници се надеваат дека ќе успеат да добијат најмалку 90 “марсовски денови” служба од роботот со шест тркала.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.