Жителите од зградите на улицата “Димо Наредникот” во Прилеп секојдневно мака мачат со своите автомобили да ја поминат оваа уличка во должина од 200 метри.
Уличката се наоѓа позади поранешно “Симпо” и потребно е итно наново да се асфалтира. Жителите на зградите велат состојбата на улицата со години е вака и бидејќи се работи за една од најградските населби бараат надлежните да им излезат во пресрет.