Помалку предмети, повеќе размислување, истражување и анализа, изборни предмети и интензивни воннаставни активности предвидуваат новите реформи во основното образование, најави денеска министерката за образование и наука Мила Царовска, oткако вчера се одржа онлајн презентација на новиот концепт на основното образование. Со новиот концепт предвидено е предметите: биологија, хемија, физика и географија да се сведат под еден предмет “природни науки”, а предметите: историја, граѓанско образование и географија да бидат исто така еден предмет “општествени науки”.
На ова реагира поранешниот пратеник Илија Димовски кој напиша:
-Оооо, ќе изгинеме од неписмени… Географија е дел од природните науки… Историјата е дел од општествените науки… Тоа е како да споиш хемија и социологија…, напиша Илија Димовски на Твитер.
Оооо, ќе изгинеме од неписмени…
Географија е дел од природните науки…
Историјата е дел од општествените науки…Тоа е како да споиш хемија и социологија…
— Ilija Dimovski (@ilijadimovski) December 16, 2020
Презентацијата за новиот концепт на основното образование на МОН погледнете ја во продолжение: