Димитриевски од Битола: Прочитани се како Буквар. Време е граѓаните да ја земат судбината во свои раце и да направат промена

Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски, од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, синоќа се обрати пред граѓаните на Битола.

„Македонија низ својата историја водела многу борби, имала препреки и проблеми, но македонскиот народ секогаш знаел да изнајде соодветно
решение и да стави крај на тоа што го тишти. Во овој момент најголемиот проблем се оние што народот ги бира во континуитет од 30 години. Тамам ќе ги смениш едните, ќе дојдат дабетер другите. И дојде време, невреме кадешто граѓанинот е на дното, а елитата на врвот. Си седат по
кабинетите и си се договараат со својот вечен партнер ДУИ за ситните цели“, рече Димитриевски и додаде:

– По дваесет години потпишавме Меморандум за соработка со Здружението на бранителите „Братство 2001“ за да може да тргне работата за нивните права. Жално е ова што се случува“, рече Димитриевски.

„Сакам да ветам дека како иден Врховен командант ќе се заложам да се остварат нивните права. Македонија во оваа 2024 година има можнност да
избира помеѓу веќе виденото и нешто ново, Движењето ЗНАМ –За наша Македонија, кое доаѓа од граѓаните, е со граѓните и ќе биде со
граѓаните. Да ја направиме Македонија маскимална и да го дадеме својот максимум за наша Македонија, зашто друг а држава немаме“, потенцира тој.

Димитриевски порача дека со него како Претседател на државата и со Движењето ЗНАМ, никогаш повеќе ниту еден Македонец нема да мора да бега
од своето парче земја и продолжи: „Мора да сме свои на своето и да бидеме како и другите во оваа држава, граѓани од прв ред. Доста гледаме
како ДУИ ги врти околу малиот прст и заедно и со едните и со другите градат биетничко општество. Е има и други! Оваа држава ја направил македонскиот народ. И затоа Македонецот треба да се крене, да се одважи да каже – Доста е! Време е за суштинска промена. Време е граѓанинот да ја земе судбината во свои рвце“, рече тој.

„Јас ќе бидам Претседател кој доаѓа од вас граѓаните, ќе биде со вас, граѓаните и ќе работи за вас, граѓаните. Бидете одважни, не потпаѓајте на притисоци, зашто сите се видени. Сите се веќе прочитан буквар. Суштинските промени доаѓаат со Движењето ЗНАМ и бројот седум“, рече Димитриевски вечерва, пред граѓаните на Битола.

На митингот пред битолчани се обрати и носителката на кандидатската листа за пратеници од ИЕ 5, госпоѓа Весна Бендевска. Таа рече дека ЗНАМ ја гледа Македонија како држава со силна економија, со производство, со храна доволна за сите. Земја во која се изедначени минималната плата и минималната пензија.

„ Ќе ги укинеме сите етнички клучеви и квоти. Во Македонија нема веќе да има енклави кои нема да плаќаат сметки. Сите имаат еднакви права, но и обврските се исти за сите. Движењето ЗНАМ нема да прифаќа уцени ниту од внатре ниту од надвор, рече Бендевска и додаде:

„Битола се буди и ги води сите. Време е да го дадеме својот максимум за наша Македонија“. Караванот на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски вчера ги посети и Ресен, Новаци и Могила.

Инаку денеска Движењето ЗНАМ– За наша Македонија и Здружението на Воени ветерани и Воени инвалиди „БРАТСТВО 2001“ Битола потпишаа Меморандум за соработка и реализирање на повеќе договорени цели од интерес на челновите на Здружението.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.