Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 денари/литар
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 74,50 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 76,50 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 65,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,298 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,543 ден/кг.