Осамна нов ден во Прилеп кој отскри ново нагрдување и траги на ново дивеење. Протестите на Шарената револуција секојдневно го нарушуваат редот и мирот во градот, ги понижуваат граѓаните и уништуваат сечиј имот, имот изграден со парите на сите граѓани, а не само од џебот на тие 200-300 души кои секојдневно дивеат.
Вчерашните протести на СДСМ повторно ја нагрдија општинската зграда. Повеќе туристи кои го следеа овој “ритуал” oстанаа со подзинати усти, со неверување и згорченост прашуваа што се случува?
Ваквите протести не се ни малку наивни и носат опасност што може да предизвика агресија и судир. Истовремено во центарот на Прилеп своето незадоволство го покажаа неколку илјади граѓани организирани од Граѓанското движење за одбрана на Македонија, со барање изборите да се одржат на 5-ти јуни. Во еден момент 50 -тина социјалдемократи се обидоа со провокации да предизвикаат судир. За среќа тоа не се случи.
Особено осудите пристигнуваат од повозрасните граѓани, од средношколците, но и од самите членови на СДСМ, кои не ја поддржуваат ваквата политика. Ако се земе во предвид дека гласачкото тело на СДСМ во Прилеп брои од 15 до 20 000 гласови на изминатите изборни циклуси, а на протестите се присутни најмногу до 500 луѓе, тогаш и повеќе од јасно е дека насилството во Прилеп не наоѓа на поддршка.
Градот кој пред 10 години беше на работ на заборавот, денес е модерен европски град, уреден и осовремен во секој поглед. Денес некој повторно сака да го врати назад, да ја врати сликата на град кој се наоѓа на дното.
А.Г.