Дејан Георгиевски продолжува да нижи успеси за Македонија: Се враќа со сребро од Европските игри во Полска

Македонија го освои првиот медал на Европските игри во Краков, Полска, откако нашиот најдобар таеквондо-фајтер, Дејан Георгиевски загуби во финалето во категоријата над 83 килограми, губејќи со 2:0 од британскиот ривал Кејден Луис Канингем.

Со ова се комплетираше фантастичниот настап на сребрениот од Олимпијадата во Токио, а Георгиевски на патот до финалето ги совлада Италијанецот Матија Молина и Украинецот Андриј Харбар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.