Центарот за Социјални работи денеска излезе со изјава во врска со случајот со заклучените деца во автмобилот во населба Лисиче. Од таму известија дека децата се одземени времено од родителите, сместени се во згрижувачко семејство. Се чекаат документи и официјални резултати од истpaгата на полиција и ОЈО за понатамошна постапка.
Од Центарот известија дека биле запознаени со случајот на децата уште во текот на вчерашниот ден, но по слуајот се постапува денеска поради тоа што се чекало да завршат деталните лекарски прегледи.