Детски перпетум мобиле: Пронајдокот кој ги куртулил мајките од товарот во раце

Детскиот лезет асли абер го снашло. Перпертум мобиле од најнов модел се роди за новородените. Доста време мајките раце искинале од држење бебиња.

Ги исфрлиле и количките со дрвени колца. И, кој како се снашол. Ама ова детско чудо ти било сефте, шик количка, дотогаш непробана, а само во “светот” видена.

На четири тркала, чиниш мини комбе, како мал пајтон, или мини автомобил на мајчин погон.

Така се раатисале од “товарот” и родителите, и бабите и дедовците, и стрините и вујковците, но и браќата и сестрите.

Па и комшиите. А децата ќефосани. Се лулаат, се нишаат и лесно ги фаќа дремка низ треперењето на тркалата по градските калдрми.

Низ џамчињата, ко од автомобил, ѕиркаат детските очиња. И тие да фрлат опул на градот.

Плачеле за в количка да бидат војвани, небаре во лимузина.

Извор: “ЗЕНИТ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.