Дете побрзо ќе се повреди, отколку да рекреира и спортува: Игралиштата на Могилата во Прилеп во катастрофална состојба (ФОТО)

Спортските игралишта во “Паркот на револуцијата” во Прилеп се во катастрофална состојба. Вештачката трева на теренчето за фудбал е целосно уништена. Дупки, песок… тука дете многу полесно може да се повреди, отколку да спортува и рекреира.

Ништо подобро не е ниту игралиштето за баскет. Необележано, испокршени табли и кошеви, уништени огради…што од несовесни граѓани и вандали, што од негрижа.

Крајно време е игралиштата да бидат целосно реновирани и да го добијат стариот сјај. Тука секако добредојдена ќе биде помошта и од новоформираното Министерство за спорт, за Прилеп да добие спортски комплекс каков што заслужува.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.