Едно лице го загуби животот во тешката собраќајна несреќа што попладнево околу 17:20 часот се случи на патот Прилеп-Градско, кај Плетвар.
До сообраќајката дошло при судир на автомобил „фиат“, управуван од К. Н. од Крушево и мотоцикл „јамаха“ управуван од 19-годишниот М. М. од с.Слатино, кој починал на лице место.
Неофицијално во несреќата повредени се уште две лица.