Десет тајни на богатите луѓе: Едноставни совети за успех

mazz-612x400

Сите мислиме дека ним богатството им паднало од небо, но тие знаат некои мали тајни што им помогнале да успејат во животот. Според милионерот Даниел Али клучен е начинот на кој размислувате за парите и управувањето со нив. Затоа „Бизнис  инсајдер“ напиша совети што богатите луѓе никогаш не ги прават кога станува збор за личните финансии.

  1. Не инвестирате во себе

Првиот американски милионер Бенџамен Френклин беше познат по изреката: „Инвестицијата во знаењето ги дава најдобрите камати“. Кога станува збор за едукација и усовршување денес поголемиот број на вработени луѓе зависат од работодавачот, односно од тоа колку ќе ги праќаат на семинари, работилници и курсеви. Доколку навистина сакате да напредувате, треба да го земете вашето образование во ваши раце. Вложувајте во себе!

  1. Премногу се забавувате

Според некои истражувања, за повремено да побегнат од реалноста поголемиот број луѓе во Америка на забава трошат од 30 до 50 отсто од заработката. За разлика од нив, богатите луѓе своето време и пари ги трошат за да ги остварат сопствените соништа. Треба да си допуштите одредена доза забава себе си, но претераната забава е губење на скапоценото време и на пари.

  1. Купувате на рати

Голем број луѓе се задолжуваат и купуваат на кредит работи што инаку неможат да си ги приуштат, а се со цел да ги импресионираат другите луѓе, и тоа воглавно оние што од некоја причина не им се допаѓаат. Ова финансиско „самоубиство“ брзо доаѓа за наплата, оставајќи безнадежно чувство кога поривите за купување ќе се заборават, а за наплата ќе дојде долгот зголемен за каматата. Оние што сакаат нешто да стекнат, не се задолжуваат за да ги закрпат тековните трошоци, туку за да ја подобрат својата работа.

  1. Кријете важни работи од сопружниците

Милиони брачни двојки воопшто не разговараат за парите. Тоа не е паметно. Не може да се оствари просперитет доколку сопружниците не се отворат и јасно со партнерот не ги дефинираат финансиските цели. Парите во бракот или во врската се умножуваат само кога постои доверба и разбирање околу домашниот буџет.

  1. Земате кредит за куќа или за стан

Кредитите за финансирање недвижности водат во бескрајно отплаќање рати, рефинансирање и страв од зголемување на каматите, а со тоа и на ратите на кредитот. Кога некој ќе земе кредит за куќа или за стан, се одлучил за нешто да плати дупло повеќе отколку што е реалната цена. Богатите луѓе изнајмуваат недвижности де додека не бидат во можност со готовина да платат куќа или стан.

  1. Чекате традиционално пензионирање

Човекот треба својата среќа да ја гради додека е млад и уште тогаш треба за себе да создаде услови за деновите кога ќе биде во години. Освен тоа ако само сте штеделе пари за да уживате во 60-тите години од животот, тоа е како да сте се воздржувале од секс до 60-тите. Воопшто не е добра одлука во староста да зависите од пензискиот фонд. Затоа, треба да ја исградите сопствената среќа додека сте млади.

  1. Купувате неквалитетни работи

Кога ќе се одлучите парите да ги трошите на безвредни нешта, добивате безвредни резултати. Старата поговорка вели: „Не сум доволно богат да купувам евтини работи“. Немојте да го купувате она што е најевтино, купете го она што сметате дека е најдобро. Значи, подобро е да се купи една поскапа но квалитетна маица на секои четири или пет години, отколку секоја година по една евтина и лоша.

  1. Не уживате

Луѓето напорно работат 50 недели за дс одат на годишен одмор и да уживаат две недели. А на одмор многу често мислат на работата. Смислата за тоа е дека човек секогаш може да биде задоволен со она што во моментот го има, без разлика дали се 100 или 1.000 евра. Парите ќе се умножуваат ако човекот го цени и размислува што може да направи за да му донесе повеќе задоволство.

  1. Не штедите

Поголемиот број луѓе трошат на се и сешто. Кога имаат одредена сума пари на сметката, автоматски мислат на нешто што „им треба“ и веднаш го купуваат. Треба да се решите од таквото импулсивно купување. Богатите луѓе штедат најмалку 10 отсто од својата заработка и ретко се задолжуваат за нешто да си купат, дури и кога мислат дека тоа навистина им е потребно. Затоа потрудете се да штедите.

  1. Работите за пари

Поголемиот број луѓе во светот, работат за да дојхдат до пари, а богатите луѓе успеале во тоа што го наумиле парите да работат за нив. Богаташите велат дека нивното материјално богатство е последива на нивното вкупно дејствување и создавање. Затоа никогаш не ги поставуваат нештата како обичните смртници и не работат само за пари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.