Сите имиња имаат некое значење, кое доаѓа од изворните варијанти на латински, старогрчки, старословенски или некој друг јазик.
Избравме десет имиња, и машки и женски, кои имаат прекрасни значења и со нив нема да погрешите, ако ги дадете на своето дете.
Адријана/Адријан – потеклото на ова име е поврзано со латинското име на преубавото Јадранско Море.
Клаудија – доаѓа од зборот „claudius“, во буквален превод значи „нежен и оштетен“, но во други варијанти значи и сјаен и цврст. Било многу често во Стар Рим.
Стела – има единствено значење, ѕвезда.
Луција – латинското значење на ова име е светлина и сјај.
Валерија – ова име означува силна, јака и здрава жена.
Оливија – во буквален превод значи маслинка, која пак е симбол на надеж.
Доминик – значењето е господар или владетел, како и господин.
Вера – доаѓа од зборот „veritas“ што значи вистина.
Емилио/Емилија – нова адаптирана верзија на латинското Емилијанус, што значи мажественост и цврстина.
Лара – ова име има прекрасно значење – заштитничка.