Со придржувањето на сите мерки за заштита од коронавирусот на 26 август ќе се одржи “Избор на Летен фолк хит 2020” во Манастирот „Рождество на пресвета Богородица“, Општина Новаци. На Фестивалот ќе настапат и Благица Павловска, Благоја Грујовски, Марјан Коцев, Татијана Стефановска, Ташко Каранфиловски, Влатко Алексовски, Сани Гроздановска…
На 26-ти август во среда со почеток од 20 часот во Манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Општина Новаци ќе се одржи “Избор на Летен Фолк Хит 2020”. И овојпат организаторите подготвија богата музичка програма и голем број изненадувања за присутните гости.
На Изборот за Летен Фолк Хит ќе настапат бројни познати музички имиња од македонската естрада и тоа: Благица Павловска, Татијана Стефановска, Сани Гроздановска, Стојне Николова, Слаѓана Столеска, Елена Јовческа, Оркестар Маестрал, Група Милениум, Чебрен, Алтенатор, Оскар, Благоја Грујовски, Марјан Коцев, Благојче Стојановски Туше, Борче Наумовски, Дарко Билбиловски, Дарко Стојаноски, Влатко Алексовски, Живе Мешуревски, Мартин Ангелевски, Акси и Профа Бенд, Силвана Крстовска, Сандра Милковска, Дани и Тик Так, Цаки Кисми, Ташко Каранфиловски, Даниел Сидовски, Златко Петрески, Оливер Лозаноски, Игор Андреевски.
Во ревијалниот дел на големо задоволство на публиката, концерт ќе одржат Анета Мицевска и Молика ONE.
Најдобриот Летен Фолк Хит и овојпат ќе го избира публиката, а првите три песни кои ќе имаат најголем број гласови ќе освојат и парична награда.
Организатори на оваа манифестација се Здружението за мода “Пикси студио”, Општина Новаци, како и Сателитската ИН Телевизија која што ќе го пренесува фестивалот во живо.
Оние лица кои што нема да бидат во можност да присуствуваат на Фестивалот, покрај на ИН ТВ, истиот ќе може да го следат во живо на јутјуб и фејсбук.
На фестивалот ќе настапи и Златко Петрески од Прилеп, кој неодамна ја изваде најновата песна “Пиво ми се пие”.