Ден посветен на Апостолите Јасон и Сосипатар и девицата Керкира: Светци кои го посеаа семето на евангелската проповед

Според календарот на МПЦ, 11-ти мај е ден посветен на Светите апостоли Јасон и Сосипатар и девицата Керкира.

Овие двајцата беа од седумдесетте апостоли, а Керкира му беше ќерка на некој цар од островот Крф. Јасон и Сосипатар ги спомнува Апостолот Павле (Рим. 16, 21) и ги нарекува свои роднини. Јасон беше родум од Тарс, како и самиот Павле, а Сосипатар од Ахаја. Првиот Апостолите го поставија за епископ Тарсиски, а вториот – за епископ Икониски.
Патувајќи и проповедајќи го Евангелието, овие двајца апостоли стасаа на островот Крф каде што успеаја да подигнат црква посветена на споменот на светиот првомаченик Стефан и да придобијат некои незнабошци за Црквата. Царот на овој остров ги фрли во 3атвор, а внатре беа затворени седуммина разбојници: Сагорниј, Јакисхол, Фаустијан, Јануариј, Марсалиј, Ефрасиј и Мамиј.

Апостолите ги приведоа овие седуммина во Христовата вера и ги направија од волци јагниња. Кога слушна за тоа царот, нареди да ги уб ијат со вpела смола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.