Ден на чecниот кpcт: Денеска е Кpcтовден – Еве што значи празнувањето на овој голем празник

Празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден, се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст.

Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот Крстовден или Водокрст (18/5 јануари) е посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството, а есенскиот Крстовден, под името Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос.

За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус Христос, Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост.

Kpcтот, според преданието, во 326 година го пронашла царица Елена, мајка на цар Константин, кога отишла во Палестина да посети свети места. За време на вojните kpcтот се загубил, а подоцна, кога повторно бил пронајден, негови делови земале верници со надеж дека имаат голема моќ, бидејќи тие биле направени од свето дрво.

На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло. Некои верници на овој ден јадат само леб и грозје.

Вечерта спроти Крстовден од полето се носи грав, пченка, компири, лубеници, грозје . Утрото се оди во црквата каде што се раздава за здравје.

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Кристијан…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.