На 26 февруари оваа година, СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп беше домаќин на манифестацијата по повод 21 февруари – Денот на мајчиниот јазик, во организација на Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА, на тема ,, Твориме на мајчиниот јазик”. Меѓу повеќето литературни творби од областа на поезијата и прозата, беа издвоени и наградени три творби. Прво место – Сара Дамевска од 2-3 клас, под менторство на проф. Билјана Тинтоска; Второ место – Николче Мојсоски од 1-2 клас, под менторство на проф. Лидија Ристеска; Трето место – Елена Пачешкоска од 3-8 клас, под менторство на проф. Жанета Видевска; Овој настан беше збогатен и со презентацијата на романот ,,Михаил” од Мартина Соколоска од 2-1 клас, под менторство на проф. Билјана Тинтоска, чие печатење од страна на Издавачката куќа „Восток“ од Битола е во тек.
На настанот присуствуваа млади активисти од Романија и Франција.
Им честитаме на нашите наградени ученици и ги поттикнуваме младите на креативност и духовно богатство!