Масовните протести “За заедничка Македонија” во Прилеп секојдневно добиваат уште поголема поддршка.
Вечерва и свештените лица од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ќе маршираат заедно со прилепчани.
Народот ја доби поддршката и од црквата, која секогаш била заштитник на нацијата и православието во државата.
Присуството на Македонската православна црква на вечерашниот протест во Прилеп го најавија камбаните, кои утрово биеа на секои 15 минути од 6 до 7 часот.
За разлика од академиците од МАНУ кои сеуште се немаат произнесено по барањата во така наречената “албанска платформа”, МПЦ застанува рамо до рамо со својот народ, во интерес на државата.
Во 18 часот пред хотел “Липа” одново илјадници прилепчани ќе се соберат и ќе го изразат својот револт против разнебитувањето на македонската држава, македонскиот јазик, химна, знаме…