Македонската правславна црква денес, 19. април по стар стил, во Светлата недела го одбележува споменот на Преподобен Јован Ветхопештерник…
Се подвизуваше во т.н. Ветха (т.е. стара) Пештера или Лавра, на свети Харитон Велики во Палестина. Бидејќи со сето срце, со сиот ум, со целата своја душа Го возљуби Христа, од младоста почна да патува по светите места и да ги слуша поуките и советите на светите луѓе. Најпосле се насели во Харитоновата пештера, каде што се предаде на строг подвиг минувајќи ги деновите и годините во пост, молитва и бдеење, непрестајно размислувајќи за смpтта и учејќи се на смирение. cмpтта го најде како добро созреан плод и го пресели во Рајот. Поживеа и се упокои во 8 век.