Денеска се одбележува борабата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност: Среќен 8-ми Март!

Осми март е денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Светот денеска повеќе од 10 декади го одбележува Осми Март – Меѓународниот ден на жената. Овој ден започнал за првпат да се одбележува од 28 февруари 1909 година во САД, со декларација донесена од страна на американската Социјалистичка партија.

Една година подоцна во Копенхаген се одржала првата меѓународна женска конференција, а на предлог на германската социјалистка Клара Цеткин бил востановен Меѓународниот ден на жената.

Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.

На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржале мировни собири. Демонстрации на работничките се оддржувале речиси во сите поголеми европски градови секоја година до 1915 година, а главно барање на тие маршеви било еворпските земји конечно да воведат универзално право на глас.

Обединетите нации(ОН) овој празник официјално започнале да го одбележуваат во 1975 година.

Денеска подарете со љубов и почит на најголемиот борец, жената. Но знајте дека ова не е единствениот ден во годината за кој е потребно внимание. Секој ден е посебен да се изнуди насмевка на женското лице, 8ми март е денот што треба да ве потсети на тоа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.