Денеска секој Американец ќе добие предупредувачка СМС порака од Трамп: Ова претседателско предупредување ќе мораат сите да го прочитаат!

Речиси сите корисници на мобилни телефони во САД денеска во исто време ќе добијат СМС порака, која ќе биде означена како “Претседателско предупредување”.

Aмериканската сојузна агенција за управување со вонредни ситуации (FEMA), во координација со Федералната комисија за комуникации (FCC), денеска 3 октомври ширум земјата ќе спроведе проверка на системот за “итни предупредувања” (ЕАS) и “безжични итни предупредувања” (WEA).

Пораките од системот на WEA ќе започнат да се испраќаат во 14:18 часот според источната временска зона, додека од EAS ќе бидат испратени во 14:20.

Тестот првично бил планиран за четврток 20 септември, но бил одложен поради ураганот Флоренс.

Ова ќе биди прв WEA тест на ниво на државата. Пораката ќе го тестира системот кој му овозможува на претседателот Доналд Трамп, како и на идните претседатели, да испратат вонредни пораки ширум земјата.

Тоа ќе биде четврт EAS тест на ниво на државата.

Ова е тест на националниот бежичен систем за итни случаеви. Пораката ќе носи наслов “Петседателско предупредување”.

WEA се користи да ја предупреди јавноста за опасно време, за исчезнати деца и други критични ситуации по пат на предупредување на мобилните телефони.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.