Променливо облачно време со сончеви периоди ќе преовладува денеска во државава.
Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи. Минималната температура ќе се движи од 5 до 13 степени, а максималната од 22 до 29 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд попладне. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 25 степени.
Во текот на оваа работна недела времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има утре, кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.