Празникот е воспоставен за прв пат во 1987 година во Франција.
Ширум светот денеска се одбележува Светскиот ден на бабите – жени кои гордо ја носат својата улога и се важни во воспитувањето на децата.
Светски ден на бабите е празник воспоставен во 1987 година во Франција. Постојат и записи дека за прв пат е одбележан во Соединетите американски држави кон крајот на седумдесетите години на минатиот век.
Набрзо одбележувањето на овој празник во своите календари го вметнаа и Канада, Австралија, Велика Британија, Италија, Полска, Естонија, Сингапур и Тајван, додека Јапонија веќе со децении го одбележува како Ден на почитување на возрасните.
Бројот на стари лица во последната деценија пораснал за 15 отсто, а САД очекуваат дека во нивната држава до крајот на оваа деценија нивниот број да надмина 80 милиони, што е за 25 отсто повеќе од моменталната состојба.