Денеска е Света Преподобна маченица Евдокија: Честит именден Евдокија, Мартин, Марта…

Летник е празник на новото лето. Големиот број обичаи и верувања поврзани со овој ден потекнуваат од претхристијанскиот период и имаат цел да обезбедат среќа и напредок за луѓето и стоката и магиска заштита од разни несреќи.

Именден празнуваат Евдокија, Дочка, Мартин, Марта…

Евдокија била богата жена и живеела во Хелиопол, во Сирија, кон крајот на првиот и почетокот на вториот век. Била позната по својот распуштен живот. Нејзината куќа била прилепена до еден христијански дом, каде во една прилика бил отседнал некој монах Герман. Една ноќ таа го слушнала Герман додека се молел и на глас читал некоја книга за Господовиот суд, па се свестила за својот дотогашен живот и поверувала во Христа. Откако се крстила, заминала во еден манастир, каде се подвизувала долги години. Најпосле, пострадала за Христа за време на едно гонење на христијаните, за време на римскиот император Хадријан

Таа е прекрасен пример како еден сад на нечистотијата може да се очисти и да се освети, да се исполни со скапоцен небесен мирис, што е благодатта на Светиот Дух.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.