Денеска е Преподобен Партениј Лампсакиски: Бог му дapил мoќ со мoлитва да иcцeлува

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 февруари.

Денеска е Преподобен Партениј Лампсакиски.

Се родил во Мелитопол. Во детството не добил никакво образование. Кога потпораснал, станал рибар и на тој начин се издржувал. Уште од младоста го засакал Бога со сето свое срце, така што Господ му дал дар со молитва да исцелува секакви болести.

Кога чул за тоа, мелитополскиот епископ го повикал Партениј, се погрижил за неговото образование и подоцна го ракоположил за презвитер. Потоа станал епископ на градот Лампсак. Со оваа Црква управувал се до крајот на својот земен живот, во четвртиот век.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Елеутериј.

Во прекрасната катедрала во Турнао во Белгија, се наоѓа ковчегот во кој се чуваат посмртните останки на свети Елеутериј, прв бискуп на Турнао. Бискупот Елеутериј живеел во период на преселбите на народите, за време на инвазијата на Франките. Свети Елеутериј бил бискуп од 484 година до првите години на шестиот век. Овој светец е многу почитуван од народот во Турнао и во Фландрија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.