Марко Пејчиновски, малиот херој од Охрид, кој вчера пливаше во име на лицата со ретки болecти, денеска ја продолжува својата хумана мисија.
Инаку не успеа во подвигот да преплива 64 километри во водите на Охридското Езеро, Марко веќе е херој на целата нација, особено поради неговата хуманост и пожртвуваност за разбудување на свеста кај сите за лицата со ретки болecти.
Toкму денеска е моментот да покажеме колку ја цениме неговата мисија и да ја покажеме поддршката за него.
Од 12 часот на пристаништето во Охрид ќе се продаваат маиците, од кои средствата ќе бидат наменети за донации за овие лица.
Па, сите кои се во Балканскиот Ерусалим нека отидат и нека си купат една маичка.
Ова дете заслужува да успее во својата хуманост!