Денес се празнува споменот за појавата на чесниот крст во девет часот наутро над Голгота.
Чесниот крст се појави на небото и се простираше се до Маслиновата гора, во времето на партијархот Кирил и во времето на царот Констанс кој беше наклонет кон аријанската ерес.
Со ова чудесно појавување на крстот кое се случи на денешен датум во 357 година, се покажа дека христијанската вера не е во светските мудрувања, туку во силата божја покажана преку чудата и неброените знаци.