За време на владеење на царот Михаил и патријархот, околу 850 година, главата на Св. Јован е однесена во Цариград, во царската црква.
Девојка која има брачна клетва треба овој ден да се помоли во црква или манастир на Св. Јован, да запали свеќа и остави скромен подарок прилог храмот.
Верниците на православието, одбележуваат Трето отсекување глава на Св. Јован Крстител, каде што по верување оној кој ќе дочека полноќ треба да посака три желби и тие секако ќе се исполнат.
Се што треба да направите е на полноќ да погледате во небо. Причината поради која се практикува ова е што по верување на денешен ден Сонцето се врти назад од север кон југ, три пати застанува и се врти, како и небото точно на полноќ трипати се отвора, со што мртвите души можат да влезат во рајот.
Исто така, оваа ноќ може да се открие и закопано богатство.
На девојка на која е фрлена клетва да не се омажи, треба на овој ден да се помоли во црква или манастир на Св. Јован, да запали свеќа и остави скромен прилог пред храмот. Клетвата ќе биде отстранета.
Инаку, во 8 век за време на иконокластија (движење против икони) Главата на Јован е пренесена во Комане, кое се смета место за прогонство на Св. Јован Златоуст.
За време на владеење на царот Михаил и патријархот, околу 850 година, главата на Св. Јован е однесена во Цариград, во царската црква.
За главата на Јован Крстител се врзуваат многу чуда на исцелители. Важно е да се истакне, додека бил жив не бил чудотворец, но на неговите мошти дадена им е благотворна чудотворна моќ.