По победата над РК Бисинов Фруит Ленд во деветтото коло од Супер лигата, ракометарите на РК Прилеп одново фатија приклучок со врвот, а со тоа и со борбата за плеј-оф разигрувањето напролет.
Прилепчани се моментално седмопласирани со 9 бода и се на само бод од петтопласираниот Бутел. Но, вечерва следува тешко гостување кај шампионот Еурофарм Пелистер.
Натпреварот се игра со почеток од 18 часот во спортската сала “Боро Чурлевски”, а избраниците на Божидар Мојсов ќе мора да покажат карактер и желба за да направат добар резултат.
За прилепчани веднаш потоа следува гостување и кај секогаш незгодниот Пролет, а потоа на свој терен го пречекуваат Куманово.