Хабиб Нурмагомедов синоќа го победи Џастин Гејчи во УФЦ натпреварување, а веднаш по мечот ја најави својата пензија.
Станува збор за ветување кое и го дал на својата мајка, по cmpтта на неговиот татко.
И додека целиот свет и големите спортски имиња му честитаа на Хабиб, за него излезе неверојатна информација која сакал да ја сокрие пред натпреварот.
Првиот човек на УФЦ, Дејн Вајт соопштил дека Нурмагомедов се бopeл повреден.
-Мора да признаам дека мислев дека можно е да загуби вечерва. Не ми изгледаше како стариот Хабиб, ни на мерењето, ниту додека влегуваше во рингот. Тешко дишеше, не беше свој. По се што помина тоа момче во последно време, можеме да сме среќни што имавме можност да го гледаме вечерва. Слушнав дена пред три недели го скршил стапалото. На стапалото има скршени два прсти и една коска, изјавил синоќа Вајт.
-Тој е еден од најидржливите човечки суштества на планетава. Да го пуштиме емотивно да оздрави и да ја преболи загубата на својот татко. Ако не сака повеќе да се бори – не сака, додава првиот човек на УФЦ.