Информациите за нов закон, кој треба да стапи во сила од 01.01.2019 г. и кој на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи престој до 6 месеци без работен договор и без работна дозвола во Германија, не се точни. Ве молиме да се информирате на веб страницата на германската амбасада за предусловите и времето на чекање за доделување на работни визи, соопшти германската амбасада во Скопје.
Како што информираат, соопштението е испратено поради низа известувања што во последно време се објавуваат во медиумите во врска со постапката за виза за Германија.