Прилепскиот ракотворец ,Емил Димоски, кои е познат по изработката на минијатурни макети од стари селски куќи, изработени од природни матерјали, со своите уникатни минијатурни дела, деновиве престојува во Турција, по покана на организаторот на уметничкиот фестивал, кој бил воодушевен од неговите дела. Емил деновиве зеде учество на 31-от по ред културно–уметнички фестивал во Шиле, Турција.
На културно – уметничкиoт фестивал во Шиле, учество зедоа преставници од 50-тина земји, а меѓу нивните знамиња се вееше и македонското, што, како што вели Емил Димоски:
“Ми беше посебна чест и гордост, бидејќи сум претставник од Македонија во оваа пријателска и убава земја, каде се вее македонското знаме, меѓу останатите“.
Делата на Емил предизвикаа интерес, а за учеството и за уметничкиот придонес во збогатување на фестивалот Димоски доби плакета од градоначалникот на Силе.
Својот престој во Турција, прилепчанецот, ракотворецот на минијатурните селски куќи, Емил Димоски, го продолжи во Истанбул, во општина Бујукчекмече, како учесник на 19-от по ред Интенрационалниот фестивал на културата и уметноста, кој средечно ги прими учесниците.
Во музејот во Бујуклимеџе, имало и фотографија од Прилеп, за што Димоски вели дека се почуствувал посебно исполнет.